(ВИДЕО) Америка испраќа разурнувач, објавија снимка која наводно докажува дека Иран ги нападнал танкерите

Американската војска објави снимка на која, според Американците, се гледа како ирански брод отстранува неексплодирана мина од јапонскиот танкер Кокука курејџес, еден од двата танкери кои беа нападнати во Оманскиот Залив..

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера го обвини Техеран за нападот врз Кокука и норвешкиот танкер Фронт алтер, кажувајќи дека проценката се темели на разузнавачки податоци. 

Подоцна во текот на денот Централната команда на САД ја објави снимката тврдејќи дека на неа е прикажано како ирански морнари отстрануваат експлозивно средство од трупот на јапонскиот танкер.

„Претпоставка на Соединетите Држави е дека Исламската Република Иран е одговорна за нападите во Оманскиот Залив“, им кажа Помпео на новинарите. „Оваа претпоставка се темели на разузнавачки информации, користените оружја и разни вештини потребни за извршување таква операција, неодамнешните ирански напади напади врз превозот на стока и фактот што ниедна група која дејствува на тој простор ги нема потребни ресурси и вештини да настапи со така висок степен на софистицираност“, кажа Помпео.

На снимката се гледа како помал брод му приоѓа на јапонскиот танкер по што едно лице отстранува објект од трупот на бродот. Американската војска смета дека објектот е неексплодирана мина. Иранскиот брод наводно му се приближил на танкерот цели осум часа по нападот и по евакуацијата на екипажот, а американските власти сметаат дека Иранците се обидувале да ги отстранат преостанатите мини и да ги скријат доказите.

Американската војска соопшти дека го испратила разурнувачот УСС Мејсон на местото на нападот. Во соопштението се наведува дека Вашингтон не е заинтересиран да се ангажира во нови конфликти на Блискиот Исток, но дека ќе ги брани американските интереси.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top