(ВИДЕО) Асад: ЕУ треба да се плаши од џихадистите со кои е во сојуз, а не од бегалците

Во ексклузивно интервју за руската телевизија Раша тудеј, сирискиот претседател Башар ал Асад кажа дека стравот на европските народи дека Турција ќе им испрати бегалци е лицемерен..

Тој ја обвини ЕУ дека продолжува да го спонзорира тероризмот во Сирија.
Сирискиот лидер тврди дека најголемата грижа на Европската Унија би требало да бидат „стотиците илјади џихадисти со кои е во сојуз", а не бегалците од Сирија кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заканува дека ќе ги пушти.

„Како можете да се плашите од тие неколку милиони, кои се главно умерени и меѓу кои имало малку терористи, додека директно поддржувате десетици, можеби и стотици илјади терористи во Сирија и не се плашите дека тие ќе се вратат во вашите земји?", праша Асад.

Тој во интервјуто за РТ наведе дека меѓу оние кои избегале од разурнатата Сирија можеби има екстремисти, но дека повеќето бегалци не претставуваат закана за разлика од зајакнатите џихадисти кои можат да се свртат против своите покровители.
Односот на ЕУ и Турција Асад го оцени како однос на љубов и омраза. Напомена дека иако ЕУ го „мрази" турскиот лидер, европските земји не можат ништо освен да го слушаат што има да им каже..

„Всушност, односот меѓу Ердоган и ЕУ е комплексен: го мразат, но го сакаат", кажа Асад.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top