(ВИДЕО) Бог се јави - Богојавление во Мелбурн 2020

Централната прослава по повод Христијанскиот празник Богојавление - Водици се одржа во Македонскиот Православен Храм „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“..

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Водици или Богојавление – денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар).

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Во Австралија, традиционално во сите Парохиски Цркви на Австралиско-Сиднејската Епархија се одржа утринска Богослужба и Божествена Литургија. 

Во Македонскиот Православен Храм „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ после Богослужбата верниците на која што Чиноначалствуваше отец Климент Станковски и тие од најмалада генерација се упатија пред црковниот базен пред црквата во Епинг.

Најсреќен оваа година беше Кристијан Ангелоски.

Свештеникот Климент Станковски во име на управата од општината му подари златен крст за добра среќа и просперитет во 2020 година.

На денот исто така се собираа и донации за пожарите кои што ја опфатија Австралија.

Погледнете го видеото од настанот:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top