(ВИДЕО) Чесниот фаќач на крстот Васе Панчовски освоениот телевизор од ЗЕГИН го донираше на семејство од Делчево

Дека хуманоста е одраз на големите луѓе денес се докажа уште еднаш со хуманиот гест на среќниот фаќач на крстото во Делчево, Васе Панчовски..

Панчовски заедно со неговата група одлучија денешната освоена награда, телевизор која ја доделува компанијата Зегин, да го подарат на семејство од Делчево.

-Како учесник во годинешните Водици, заедно мојата група одлучивме наградата телевизор која како среќен фаќач на крстот ја доделува Зегин да ја подариме на некој на кој стварно му треба. Во консултација со мои другари решивме да го доделиме на ова семејство. Во чест на празникот доделивме и икона Богојавление. Нека им е честит празникот на сите граѓани, истакна Панчовски.

Заблагодарувајки се за донацијата, од семејството во чиј дом беше дониран телевизорот на сите граѓани им посакаа добро здравје, среќа и успех во годината.

Панчовски втор пат го фаќа чесниот Крст во Делчево. Минатата година тој исто така ја имаше среќа да го извади чесниот Крст од водите на река Брегалница за што исто така доби награда телевизор и 10 илјади денари од општината.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top