(ВИДЕО) Чудна комуникација: Сите мислеа дека Деле Али го „почасти“ судијата, но...

Победата на Англија против Словачка синоќа со 2:1, беше ставена во втор план, откако играчот на Тотенхем, Деле Али, покажа среден прст пред камерите..

Многумина помислија дека англискиот репрезентативец средниот прст го покажа кон судијата Клемент Турпин, кој пред тоа не судеше очигледен фаул на Шкртел над него, но играчот тврди дека средниот прст е упатен кон Кајк Вокер.

Само да биде јасно, гестот беше мала шега помеѓу мене и мојот пријател Вокер. Се извинувам доколку некој остана навреден“, напиша Деле Али на друштвените мрежи.

На комуникацијата на своите играчи, се вмеша и селекторот Герет Саутгејт.

Деле и Вокер имаат чуден начин на комуникација. Не го видов тоа на теренот, но ќе разговарам со нив јас подоцна“, истакна Саутгејт.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top