(ВИДЕО) Џонсон ја крена ногата на маса за време на разговорот со Макрон

Џонсон се сретна со францускиот претседател во Елисејската палата..

Од стапувањето на должност на новиот британски премиер Борис Џонсон минаа месец дена до неговото прво патување во странство, но затоа, пак, тој брзо се раскомоти во резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, каде што во еден момент ја крена ногата и ја стави на блиската масичка, пренесува „Ројтерс“.

Џонсон беше снимен како на шега ја крева ногата и го потпира стапалото на маса во Елисејската палата, по што ги поздрави фоторепортерите во собата, додека Макрон, гледајќи во тоа, се чини дека се забавуваше, пренесе агенцијата.

Сето ова се случи откако двајцата лидери се обратија пред новинарите во дворот на Елисејската палата, каде Макрон предупреди дека нема доволно време за целосно да се измени договорот за брегзит пред 31 октомври, кога истекува рокот на Велика Британија за напуштање на ЕУ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top