(ВИДЕО) Едмонд Темелко: Никој не ме уапси, сам се пријавив

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко денеска беше на распит во полициската станица Беко во Скопје, по што беше спроведен во Истражниот Затвор Скопје..

При транспортот од полицкската станица во затворот, Темелко изјави дека сам се пријавил на полицијата, откако по него беше распишана централна и меѓународна потерница.

– Никој не ме уапси, сам се пријавив, кратко рече Темелко за новинарите пред полициската станица Беко.

Темелко е обвинет во случајот Титаник на СЈО, а Основиот суд Скопје 1 изрече мерка притвор во траење од 30 дена. СЈО утврдило дека обвинетиот Темелко не ги почитувал мерките за редовно јавување во судот, па била побарана построга мерка. Тој иако имал забрана да не ја напушта Македонија, неколку пати ја поминал границата со албанска лична карта.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top