(ВИДЕО) Фестивал на писателите Мил Парк 2017 и Промоција на делата на Лидија Дочовска Павловска

Во Сабота на 26 Август се одржа поетско читање во рамките на Фестивалот на писателите Мил Парк 2017 во Мелбурн..

Македонското литературното друштво Кочо Рацин од Мелбурн за таа цел организира читање пред се на поезија од  членовите на друштвото Стеван Ацески, Гордана Димовска, Верка Горгиевска, а за прв пат прочита своја поема и Дона Димовска Кантаровска.

Настанот започна со читање на поема од Рацин - Проштевање, Ључо Столески (поезија по избор), Весна Дамчевска (која од вчера е и член на Кочо Рацин) читаше по избор поезија од Славко Крстевски и други наши македонски автори. 

На Фестивалот на писателите Мил Парк 2017 беа промовирани и книгите на Лидија Дочовска Павловска, поетеса од Република Македонија, која со своите поетски дела  за брзо време успеа да остави силен впечаток и траен белег врз македонското поетско творештво. 

Промотор на делата на Павловска беше Сашка Ставрески, а дел од нејзината поезија читаше Гордана Димовска и Дона Д. Кантаровска.

Имено беа промовирани  стихозбирките „Солзите на Преспана“, „Така Љубеше Косара“ и „Крикот на Пеликанот“ од Лидија Дочовска - Павловска.

Примероци од делата на Павловска кои таа ни ги испрати се донирани во библиотеките во Мил Парк и во библиотеката во Томастеон каде ке им бидат достапни на сите љубители на пишаниот збор, а примероци се наоѓаат и во Македонското литературното друштво Кочо Рацин од Мелбурн.

Воведен говор на Фестивалот на писателите Мил Парк 2017 одржа Претседателката Гордана Димовска и ви пренесуваме дел од нејзиното обраќање.

Македонското литературното друштво Кочо Рацин од Мелбурн е отворено за помош на сите кои сакаат да почнат со пишување или имаат нешто за промовирање.

Ќе продолжиме и понатаму преку нашите литературни активности да го афирмираме македонското литературно творештво, воедно и македонскиот јазик како и да воспоставуваме соработка со другите литературни друштва во Австралија вели Претседателката на друштвото Гордана Димовска.

Поезијата е одличен вовед во уметноста се смета за една од најстарите уметнички дела на човештвото и го отсликува идентитетот на една култура. Песните обично не бараат многу време за читање, но придобивките од нивното читање е огромно. Се вели дека ако се чувствуваш комотно при читањето на поезија, може слободно да навлезеш и во други уметности. 

Поезијата е дел од секое поголемо уметничко движење, а некои велат дека ја зафаќа емоцијата подобро од која било друга форма. Читањето на поезија е неопходна за да се добие целосно разбирање за светот и има многу дополнителни бенефиции. Поезијата ги нуди овие придобивки на мошне влијателен начин. Поезијата ги поттикнува спомените и емоциите кај своите читатели, може слободно да навлезе во делови од историјата и да го долови во најубаво светло во денешно време рече Димовска во своето обраќање.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top