(ВИДЕО) ГОЛЕМ БРОЈ НА ЗАГИНАТИ: Тајфунот „Лекима“ во Кина се движи кон север

Повеќе од 5 милиони луѓе се погодени од големиот тајфун во Кина. Спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани..

Невремето во Лекима го зафати Шангај и околината и направи големи штети. Загинаа 45 лица, а 18 се водат како исчезнати. Тајфунот принуди евакуацијата на повеќе од 1 милион луѓе, пренесуваат медиумите од регионот.

Силата на Лекима ослабува додека невремето се движи кон север, но времето ќе биде лошо за неколку дена на источниот брег на Кина. Властите велат дека штетата засега од невремето се проценува на повеќе од 2 милијарди американски долари.

Оштетени се 34.000 домови и уништено е големо земјоделско производство. Во земјата се откажани повеќе од 3.200 летови, вклучително и на аеродромите во Шангај и Пекинг. Распоредот на авиокомпаниите се очекува да остане во неред уште неколку дена.

Тајфунот премина на територија северно од Шангај, и ќе стигне до Шандонг подоцна денес. И во двете провинции веќе е објавен црвен код за пороен дожд.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top