(ВИДЕО) Ирачаните излегоа на улиците во најголемите протести уште од режимот на Садам

Десетици илјади Ирачани се собраа денес во центарот на Багдад барајќи заминување на политичката елита и тоа беа најголемите антивладини протести од падот на режимот на Садам Хусеин..

Петмина луѓе умреа од повредите добиени во текот на ноќта откако силите за безбедност фрлиле солзавец врз демонстрантите кои кампуваат на централниот багдадски плоштад Тахрир и ги гаѓале со гумени куршуми. Најмалку 103 лица се повредени, соопштија полициски и болнички извори.

Протестите на кои во последниот месец се убиени 250 луѓе драматично се засилија во последните денови и големи толпи луѓе излегоа на ули

Во Багдад и градовите на југот на Ирак, земјата која е поделена секташки и етнички, демонстрантите предупредуваат дека не се согласуваат на ништо други освен заминување на целата политичка класа кој ја сметаат за неспособна и корумпирана.

Немирите кои ги придвижува тешката економска ситуација и системската корупција избија по речиси две години релативна стабилност во Ирак, кој од 2003 до 2017 доживеа странска окупација, грашанска војна и борби со Исламска држава.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top