(ВИДЕО) Ла Верита: Могерини кажи нешто

Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин“ вели авторот кој наведува дека само на Дорис Пак ѝ станало јасно..

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајсер, наместо видео содржини од аферата „Рекет“ утрово објави видео колумна.

Во неа тој се чуди зошто институциите на ЕУ не поднел ниту еден институционален извештај.

„Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин“ вели авторот кој наведува дека само на Дорис Пак ѝ станало јасно.

„Дорис Пак објави силен апел вчера на социјалните мрежи, со барање за итна реакција , кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на Ла Верита“, додава Гајсер.

Гајсер се чуди што нема реакција од Федерика Могерини и Жан Клод Јункер кои „инсистираа силно за специјалната обвинителка“.

„Во 2015., токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите“, пишува тој.

Во колумната тој ги коментира случувањата во земјава по објевувањето на аудио и видео материјалот за аферата и реакциите на политичарите и инволвираните во неа.

Како редакција додава тој ние продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал. Засега се надеваме дека македонскиот народ конечно може да добие вистинска поддршка од странските престолнини, коишто досегa воделе политика од сенка.

Во колумната тој ги коментира случувањата во земјава по објевувањето на аудио и видео материјалот за аферата и реакциите на политичарите и инволвираните во неа објавени во текот на вчерашниот ден.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top