(ВИДЕО) Љупчо Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ни крадат гласови, но ќе ги изненадиме со „хидрогенска бомба“

Интервју на лидерот на ИНТЕГРА д-р Љупчо РИСТОВСКИ во Утрински Брифинг.

Иако партијата Интегра е само 10 месеци на политичката сцена, веќе изградивме бренд, вели лидерот на македонската конзервативна партија – Интегра, професорот Љупчо Ристовски, во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“, надополнувајќи дека во претстојниот период партијата ќе структурира 33 оптштински канцеларии низ Македонија.

Коментирајќи ги партиите од македонскиот блок, Ристовски тврди дека и кај двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, изразени биле само примерите на коруцпија.

- На ВМРО-ДПМНЕ му фалат конзервативните вредности. Им фали вредност, доблест, честност…во два мандати на ВМРО-ДПМНЕ имате флагрантни примери на корупција, прислушување и сеење страв помеѓу граѓаните. Ги затрупаа граѓаните со инспекции и со страв. За волја на вистината слично е и со СДСМ. И кај нив има глупости и корупција колку сакате, вели Ристовски.

На прашањето колку мандати очекува неговата партија, дали ќе настапи сама на изборите и дали би влегла во владина коалиција со другите партии од македонскиот и албанскиот блок, Ристовски одговара:

-Очекуваме околу 30 мандати. Во оваа фаза разговараме со промакедонскиот-патриотскиот блок. Не ја исклучуваме можноста да коалицираме со партиите, но во овој момент исклучени се двата блока, сега „газиме“ сами. Не патиме од суета, има можност да се преговара. Но, вредностите на Интегра мора да бидат доминантни во формирањето на владината коалицијата. Ова е радикален пресврт, подготвени сме дури и да ја турнеме владата на нови избори доколку не биде така- вели Ристовски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top