(ВИДЕО) Лука Модриќ - козарот од Хрватска кој ги освои Европа и светот

Без разлика како ќе заврши утрешното финале од Светското првенство, Лука Модриќ е еден од најдобрите фудбалери на денешнината и главен кандидат за МВП признанието на Мундијалот..

Кој би помислил такво нешто пред околу три децении кога некогашниот музичар Павле Баленовиќ, снимајќи документарен филм за волци, случајно го снимил малиот Лука Модриќ како чува кози на планината Велебит кај Задар. Денес Модриќ е член на Реал, има четири титули во Лигата на шампионите и утре ќе се бори за најдрагоцената – од Светското првенство.

„Снимав документарен филм за тоа како се мачат волците на Велебит и го снимив мојот пријател и неговиот син како собираат стадо кози. Неколку години подоцна нивниот дом беше уништен во виорот на војната и јас повеќе не ги видов. Тотално ги заборавив и неодамна случајно добив информации за тоа кое е малото момче во мојата епизода. Тоа е познатиот хрватски фудбалер Лука Модриќ, овие снимки се направени 1989-90 година и сега се првпат објавени“, објасни Баленовиќ.

*Лука Модриќ се појавува во видеото на 2:30 минути



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top