(ВИДЕО) Македонците во Мелбурн достоинствено го прославија Илинден 2019

Македонците во Мелбурн покажаа како достоинствено се прославува Илинден..

Во организација на  МАСО - Македонско-Aвстралиска Организација на Заедницата и Шелдон Ресепшн, Македонците на највисоко ниво и достоинствено го прославија најголемиот Македонски празник Илинден.

На почетокот на Манифестацијата, водителот Зоран Димовски ги поздрави присутните и најави учесниците, по што беше инторнирана химната на Република Македонија во изведба на Никола Зацески.

Поздравен говор одржа претседателката на МАСО, г-ѓа Лидија Нешковски, а свое обраќање имаше и пратеничката во Викторискиот Паpламент, Натали Сулејман.

За Илинден и неговото значење, пригоден говор одржа г-ѓа Гордана Димовска, а г-ѓа Сашка Ставрески им се обрати на присутните и одржа пригоден говор за делата и значењето на Гоце Делчев.

Сите учесници од говорницата испратија јасна порака до политичарите во Македонија дека никој нема право да ни ја менува историјата и да ни го зема Гоце.

Мотото на манифестацијата беше "Илинден е наш, Гоце е наш."

За прекрасното слајдшоу на големиот видео бим со мотиви од Илинденското Востание и Илинденците се погрижи Елизабет Цагорски. 

Потоа следуваше културно уметничка програма на која настапија МКУД "Јане Сандански" и Ансамбл "Тоше" со познати Македонски ора и песни.

По завршувањето на културниот дел од манифестацијата следуваше веселба со Македонски песни и ора за кои се погрижија Експрес Бенд, естрадната уметничка Татјана Лазаревска и Никола Зацески.

Македонците во Австралија, никогаш не престануваат и нема да престанат да си ја негуваат традицијата, да ги одбележуваат историските настаните на своите предци.

Илинден е наш, Гоце е наш. Нека ни е за многу години Македонскиот празник Илинден.

Централната манифестација беше одржана во Шелдон Ресепшн.

Во прилог погледнете го видеото од манифестацијата:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top