(ВИДЕО) Македонка победи на Австралиското ТВ шоу „The Bachelor“

Локи Гилберт ја шокираше Австралија во четвртокот кога на двете финалистки им рече дека е заљубен во двете, на крај избирајќи ја Ирена Србиновска..

31-годишната Македонка од Мелбурн Ирена Србиновска победи во финалето на популарното Австралиско ТВ шоу „The Bachelor“.

Локлан „Локи“ Гилберт им кажа на двете финалистки Ирена Србиновска и Бела Варелис дека ги сака и двете, на на крај ја избра Македонската од Мелбурн.

Гилберт, кој беше во долгорочна врска со поранешната натпреварувачка во втората сезона на „Love Island Australia“, Џордан Кејлес, до средината на 2019 година за „Daily Telegraph“ изјави: „Јас навистина сакам да најдам љубов. Во моментов сум прилично задоволен од мојот живот. Одам во луди авантури, но сето тоа го правам сам. Имам најдобри пријатели, но сакам да ја најдам таа најдобра пријателка со која ќе можам да го поминам остатокот од мојот живот “.

На вечерашното нетрпеливо очекувано финале на сезоната, Локи Гилберт потврди дека ја нашол својата љубов. Испраќајќи ја 25-годишната Бела Варелис од Нов Јужен Велс без роза дома, тој ја избра Ирена поклонувајќи и прекрасен прстен кој и го одзема здивот, дизајниран од официјалниот партнер за прстени на The Bachelor Australia, „Larsen Jewellery“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top