(ВИДЕО) Медиуми без критериум од Груевски добивале милиони евра за пропагадна

Не се знае колку средства на граѓаните се потрошени за оваа намена во 2006, 2007 и 2016-та, зашто документите од овие години не се најдени..

За осум од 11 години владеење, кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски за кампањи и пропаганда во домашните медиуми потрошил 38 милиони евра државни пари, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Не се знае колку средства на граѓаните се потрошени за оваа намена во 2006, 2007 и 2016-та, зашто документите од овие години  не се најдени.

Според  Бошњаковски, нејасни се критериумите како се префрлани парите и веројатно сумата е многу поголема со оглед дека не се пресметани средствата за кампањите на одделни министерства.

- Станува збор за кампањите за трето дете, против абортус, Истражи ја Македонија, денови на идеи, на дрво, на храна,..., а овие 38 милиони евра ја покриваат само медиумската индустрија на кабинетот на Груевски. Граѓаните практично сами ја плаќале пропагандата која се вршела врз нив-  рече Бошњаковски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top