(ВИДЕО) Мицкоски го прифаќа договорот со Бугарија

Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на вчерашната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Загреб, дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.

На видеото кое Борисов го објави се слуша како Мицкоски во разговорот половина говореше на македонски половина на бугарски јазик.

БОРИСОВ: Дали го поддржувате Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија?

МИЦКОСКИ: Сичко што може да биде позитивно и за двете страни и за Македонија и за Бугарија, ние поткрепиме, тука исто така, не треба да има дилема.

И ваквата изјава ќе беше вообичаена доколку тој претходно, не тврдеше дека договорот со Бугарија е штетен а тогаш ги повика и пратениците на СДСМ да не го гласаат.

„ВМРО-ДПМНЕ потенцира и тврди дека неспособната Влада на господинот Зоран Заев потпиша штетен договор со Република Бугарија. Овој договор не ги застапува националните и државните интереси на Република Македонија и на македонскиот народ. Во Бугарија се слави а во Република Македонија е присутно чувството на пораз“, рече Мицкоски.

Сепак денеска Мицкоски со нова изјава дека тој останува на својот став.

„Нашиот став е познат, тој е непроменет многу пати повторен во минатото и како политичка партија и како ВМРО-ДПМНЕ. Она што беше моја изјава која што ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично поддржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија“, вели Мицкоски.

Јавноста го виде лажното лице и лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски кој едно зборува пред граѓаните а друго надвор од државата, коментираат од СДСМ.  Кога лаже Мицкоски, прашуваат од владејачката партија.

„Овој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси. Се потврди – Мицкоски нема став едно зборува пред домашната јавност а сосема пред странските политички претставници.“, вели Хари Локвенц.

За ваквиот однос минатата недела говореше и Зекир Рамчиловиќ на седницата за неговиот избор за потпретседател на Собранието. Испровоциран од критиките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои го обвинија дека како поранешен член на Извршниот комитетот на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што се согласил со власта за потпретседателското место во законодавниот дом, прави политички пазар тој врати.

„За тоа што она што вие го зборувате пред странците, да не кажам клечите и она што го зборувате пред јавноста е нешто сосема други и тоа е лицемерие. “, изјави Рамчиловиќ.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски од вчера учествува на Самитот на Европските народни партии која се одржа во Загреб. Инаку, Договорот со Бугарија за пријателство, добрососедство и соработка беше потпишан на први август 2017 година во Скопје кој го поздравија голем број земји. Оттогаш беше формирана Заедничка македонско-бугарска комисија која работи на  историски прашања меѓу двете земји.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top