(ВИДЕО): „Нераѕурите“ му залепија урнебесен прекар на глумецот Локатели!

Во дербито Дела Мадонина вечерва ќе се бие жестока борба, а само една нијанса, еден потег, еден момент можат да го решат големото дерби, кое може многу работи да промени за двете екипи..

Милан и Гатузо се под притисок дека мора да испорачаат победа вечерва против градскиот ривал, со цел да се залечат раните од претходните неуспеси во лигата.

По првиот дел беше 0:0, а имаше многу спорни ситуации во кои фановите се бесни, поготово оние на Интер, кои со право негодуваат поради глумата на Локатели кој сакаше да изглуми пенал.

Урнебесната реакција на фудбалерот на „Росонерите“ ги разбесни „Нераѕурите“ кои на социјалните мрежи веднаш му залепија прекар „Глуматели“.

Фудбалерот на Милан падна во шеснаесетникот на Интер, барајки веднаш пенал, но судијата беше веднаш зад него па не дозволи да направи кардинална грешка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top