(ВИДЕО) Нов концепт за телефон на преклопување

Телефоните со свиткувачки екран и не се покажаа баш најдобро на пазарот, имајќи предвид дека имаа проблеми со екраните..

Но, оваа технологија би требало во блиска иднина дополнително да се усоврши.

Самсунг и Хуавеи се пионери во овој сегмент, а слични уреди подготвуваат и другите произведувачи. Така и Моторола неодамна најави оживување на легендарниот модел „Разр“.

Меѓутоа, Самсунг оваа недела на конференција за девелопери, прикажа нов концепт на телефон на преклопување со свиткувачки екран многу сличен на концептот на Моторола.

Се работи за телефон кој за разлика од досегашниот модел „Фолд“ се преклопува хоризонтално како класичен телефон на преклопување.

Од Самсунг велат дека, благодарение на новиот дизајн, телефонот ќе може полесно да се стави во џеб и ќе го промени досегашниот начин на користење на телефони.

Меѓутоа, освен видео приказ на концептот и неколку општи информации, од јужнокорејската компанија не објавија конкретни детали за идниот уред.

Не е позната ни дијагоналата на екранот, хардверот кој овој уред ќе го користи, како ни неговото име. И покрај тоа, сега знаеме дека од Самсунг имаат намера да експериментираат со различни дизајни на телефони на преклопување.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top