(ВИДЕО) Новиот болид на Бугати чини 8 милиони евра

Новиот болид Bugatti Centodieci има 1600 КС и чини 8 милиони евра..

Претходникот на Bugatti Centodieci , ЕВ 110, беше раритет со само 126 примероци , од најновиот болид ќе бидат произведени само десетина.

Производниот план ќе трае цели пет години , односно годишно се планира да се испорачуваат само по два примерока од овој најнов модел на Бугати.

Вредноста од 8 милиони евра ја дефинираат мопторот од 1600 КС , односно ќе стигнува до 100км/час за 2,4 секунди , на 200 км/час за 6,1 секунди , а до 300км/час за плус седум секунди. Лимитот е 380км/час.

Повеќето делови на возилото не се веќе метални , туку се изработени од карбон, па автомобилот е за 20 кг полесен од Chiron.

Изгледот е дополнителен плус , а веднаш по промоцијата , моделот е целосно распродаден .



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top