(ВИДЕО) Новиот претседател на Украина ја прекрши традицијата, пристигна пешки на инаугурацијата

Глумецот Володимир Зеленски ја даде денес претседателската заклетва и со тоа стапи на челото на државата..

Придружуван од четворица телохранители, Зеленски се ракуваше и се поздравуваше со присутните, а со еден и се фотографираше.

Популарниот комичар без политичко искуство на изборите убедливо го победи досегашниот претседател Петро Порошенко.

Првите најави дека Зеленски би можел да се кандидира на изборите се појавија пред неколку години, кога тој во телевизиска серија почна да го глуми претседателот на Украина.

Во своето инаугурациско обраќање, Зеленски побара од украинскиот парламент да ги смени шефот на украинската безбедносна служба, јавниот обвинител и министерот за одбрана. Тој додаде дека Киев ќе се обиде да ги врати „загубените“ територии, и дека мировниот договор со Донбас ќе мора да почне со враќање на украинските заробеници од истокот на земјата.

„Нашата прва задача е прекин на огнот во Донбас“, им порача зеленски на Украинците од Врховната рада. Тој истакна дека не се плаши да носи „тешки одлуки“ за да се постигне мир, но дека никогаш нема да се откаже од украинска територија.

„Спремен сум да ја изгубам својата позиција без двоумење ако тоа донесе мир – но без губење територија, никогаш“.

И покрај победата на изборите, комичарот кој стана претседател допрва треба да претстави детална платформа за својата администрација.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top