(ВИДЕО) Патриотки од Мелбурн го чистат Скопје

Македонците од дијаспората не се срамат да го чистат Град Скопје, тоа се докажа со работната акција на две Македонки од Мелбурн..

Во екот на летната сезона Македонија е полна со Македонци од дијаспората на годишен одмор.

Македонците се радуваат на престојот во својата родна татковина и секојдневно споделуваат дел од убавините на нашата земја преку фотографии и видеа.

На социјалните мрежи забележавме една необична видео репортажа на Македонец од Мелбурн.

Имено, тој снимал две наши познати патриотки, кои при посетата на главниот град Скопје, наместо да уживаат во убавата глетка решиле да ги откријат недостатоците во барокниот проект наречен „Скопје 2014“.

Имено, тие меѓу мермерните плочки околу една од зградите во центарот забележаа изникнати треви и сметаат дека тоа го грди градот па затоа се фатија за работа и ги искубаа тревите.

Тие исто така ги прикажаа и исушените цвеќиња и повикаа на оставка од Шилегов и Заев, осудувајќи ги дека тие се виновни за тревите по мермерните плочници и за исушените цвекиња во топлото и загадено Скопје.

Видео снимателот и репортер ја покажа и барокната ограда која што е веќе во распаѓање и заедно со патриотките одлучија дека се фрлени милионски суми евра за овие неквалитетни фасадни зданија.

Според нив потребна е итна оставка на оваа власт и трета опција за спас на Македонија.

Погледнете го видеото каде можете да ја видите работната акција на Вера и Сузана од Мелбурн.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top