(ВИДЕО) По пандемијата, Вухан во опасност од поплави

Нова криза во кинескиот град Вухан по пандемијата од коронавирус..

Заради поројните дождови и поплавите во Кина, загрозени се милион луѓе во градот кој што се наоѓа на реката Јангцекјанг, а подигнато е и нивото на заштита од поплави на втор степен.

Многу силен пороен дожд врне во Вухан и околината. На многу места, реките го надминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат градот да не биде поплавен. Степенот на заштита од поплавите е подигнат на четврто ниво, само еден степен од најопасното ниво. Како што вели Синхуа, се очекува продолжение на дождовите не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, на кои им се заканува опасност од поплави.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top