(ВИДЕО) Пожар во центарот на Сплит

Околу 16:30 граѓани пријавиле пожар во самиот центар на Сплит, во близина на крстосницата на улиците на Татковинската војна и ХРМ, јави „Далмација Данас“..

Како што е наведено, пожарот избувнал во магацинот на весникот „Слободна Далмација“. Тоа е простор што се користи како гаража, а вработените се евакуираат од соседната зграда каде се наоѓа редакцијата.

Засега само е познато дека гори голема количина хартија, а огнот се обидуваат да изгаснат 20 пожарникари од Одделот за пожар во Сплит и Доброволната противпожарна бригада (ДВД), со пет возила.

Огнот е локализиран околу 19 часот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top