(ВИДЕО) Се огласи момчето на кого му го украдоа крстот па му го вратија во Штип

Скандалите и немилите настани за време на ритуалното фрлање на осветениот крст во осветените води за Богојавление-Водици во Штип како да стана правило и традиција..

Денес повторно остана темна дамка на централната свеченост за Водици на Камениот мост во Штип. Овој свечен чин ќе остане запаметен по инцидентот кога двајца од 50-темина скокачи останаа да лежат во реката и буквално да се борат за светиот крст.

После неколку минутно натегање крстот го зеде оној кој што не стигна прв до него, а и после укажувањата на владиката Иларион да го предаде, не сакаше да го стори тоа. На крајот сепак преовлада разумот и светиот крст му припадна на Наумче Балевски, кој беше најбрз и кому му беа доделени подготвените подароци.

Ми го зема од раце крстот. Како што сите тргнавме, јас го фатив крстот и ми вика „пушти го, пушти го“ , со закана, тоа не убаво, изјави Наумче Балевски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top