(ВИДЕО) Се урнал авион во Украина, загинале најмалку 22 лица

Авионот паднал во регионот Харков..

Во украинскиот регион Харков паднал воен авион. Според првичните проценки, загинале 22 лица, јавува агенцијата „Анадолија“.

„Раша тудеј“ исто така пишува дека загинале 22 лица кои се наоѓале во авионот, но и дека две лица се хоспитализирани со тешки изгореници.

Станува збор за транспортен авион „Ан-26“ кој се запалил при слетување на пистата кај градот Чугуев.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top