(ВИДЕО) Селта му откина бод на Реал - тренерот Зидан покосен крај аут линијата

Актуелниот лидер во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид вечерва се лизна на домашен терен откако одигра само 2-2 против тимот на Селта Виго..

Дека нема на „кралевите“ вечерва да и биде лесно покажа Смолов кој уште во 7. минута погоди за 0-1, резултат со кој се замина на паузата.

Во вториот дел во 51. минута Крос се погрижи за 1-1, додека во 65. минута Рамос погоди за 2-1. Во меѓувреме, неколку моменти пред водечкиот гол на Реал се случи интересна комбинација.

Имено еден играч на Селта го покоси тренерот на „кралевите“ Зинеди Зидан кој падна на тревникот.

За да ситуацијата биде уште полоша за Французинот се погрижи противничкиот играч Мина на пет минути пред крајот на мечот. Резервистот на Селта погоди за 2-2 и донесе голем бод во битката за опстанок



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top