(ВИДЕО) Силна експлозија во Бејрут, над 3,500 повредени

Силна експлозија денеска го потресе главниот град на Либан, Бејрут, при што се повредени голем број луѓе и е предизвикана материјална штета..

Најмалку 60 загинати и околу 2700 повредени – ова е билансот од експлозијата што избувна во магацин за пиротехника во Бејрут, Либан. Оштетени се и неколку згради во близина на магацинот кој постои од 2014 година.

Според премиерот, Хасан Дијаб се работи за катастрофа за која одговорните ќе мора „да ја платат сметката“. Тој ги повика, како што рече, сите пријателски и братски земји да му помогнат на Либан и најави дека ќе биде прогласен ден на жалост. Францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив ле Дријан веќе најави дека неговата земја е подготвена да им пружи помош на либанските власти, а со ваков став излегоа и Грција и Кипар.

Министерот за здравство Хамад Хасан информираше дека болниците во Бејрут се пренатрупани со луѓе што се здобиле со повреди при експлозијата. Гувернерот на градот пак, Марван Абуд изјавата за медиумите ја даде со солзи во очите и ја спореди силината на експлозијата со атомската бомба во Хирошима и Нагасаки.

Податоците собрани од геолошкото истражување на Соединетите држави покажуваат дека масовната експлозија во Бејрут била толку моќна што создала сеизмички бранови еквивалентни на земјотрес со јачина од 3,3 степени. Американската амбасада во меѓувреме ги повика оние што се во областа на експлозијата во Бејрут да „останат во затворено и да носат маски доколку се достапни“, како резултат на извештаите за токсични гасови ослободени од експлозијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top