(ВИДЕО) Синтезис доаѓаат на турнеја во Австралија

Македонскиот Етно бенд Синтезис на турнеја во Мелбурн и Сиднеј..

По повеќе од една деценија Македонскиот популарен бенд Синтезиз се враќа на нова турнеја во Австралија.

Синтезис се една од најпознатите Македонски групи составена од професионални музичари кои што имаат стекнато меѓународна популарност.

Бендот свири претежно Македонска етно музика во комбинанција со модерни аранжмани и ги користат скоро сите традиционални македонски инструменти: Кавал, Гајда, Зурла, Тапан, Тарабука и Тамбура.

Синтезис ќе одржат два концерти еден во Мелбурн и еден во Сиднеј.

Концертот во Мелбурн ќе се одржи во Thornbury Theatre на 23ти Ноември, а концертот во Сиднеј ке биде во Factory Theatre на 21ви Ноември 2019 година.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и поради големиот интерес се продаваат многу брзо.

Покрај обичните влезници достапни се и VIP влезници чиј што број е ограничен.

VIP влезниците вклучуваат :

  • Едночасовно дружење со членовите на бендот што вклучува и фотографирање со истите
  • Постер и привезок
  • Пијалок за Добредојде на влезот
  • Официјална маица од турнеја ( сите величини се достапни)
  • Најдобрите седишта до сцената

Поради големиот интерес побрзајте и обезбедете си влезница навреме.

Влезница можете да обезбедите кај организаторите на следниов ЛИНК или можете да се јавите на 0420 976 847.

За оние кои сакаат да се потсетат на Синтезис еве во прилог неколку видеа:




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top