(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Тамара ги исфрли од химната Гоце, Даме, Питу и Сандански

Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн.

На прославата по повод 4-ти Јули, денот на независноста на САД, Тамара пред Америкнаската амбасада ја испеа химната на Македонија, но направи скандал, изоставувајќи ги Гоце, Даме, Питу и Сандански.

Таа во текстот спомнува „На нозе се кренаа“ но свесно и подмукло ги отфрли заслужните за Македонската слобода Гоце, Даме, Питу и Сандански.

Тамара кога пееше на парадата на „Гордоста“, ако е тоа гордост, можеше таму да си прави експерименти, да си ја пее песната каде што форсира феминизам, но овде каде што настапува на јавно место пред политичкиот кор, каде што е присутен и Премиерот Зоран Заев не смее да прави такви експерименти, да ја обезличува химната на Република Македонија која е изгласана со закон.

Со ваква провокација кон Македонскиот народ, Тамар Тодевски дефинитивно си ги затвора вратите за јавните настапи во Македонија и во дијаспората, останува да им пее на оние кое не и мислат добро на Македонската нација и може да биде форсирана само на државни настани на оваа власт.

Дали е овој пробен балон на власта да види каква ќе биде реакцијата на народот, а со тоа ќе му се направи ќејфот на Зијадин Села, кој од поодамна инсистира на промена на Македонската хима и Македонското знаме.

Секако дека Македонскиот народ ќе ја смета Тамара за предавник и непријател на Македонскиот народ.

Ако се знае фактот дека самиот Македонски великан Гоце Делчев е погребан само неколку стотини метри од местото каде таа пееше на Скопското Кале, тогаш слободно можеме да ја прогласиме за „Естрадно мртва“.

Таа за нас Македонците повеќе не постои.

Ако таа само за неколку недели се сметаше дека е на тронот, сега слободно можеме да кажеме дека го допре дното.

Дали Тамара пееше грешен текст по свое лично убедување или по нечија наредба треба да излезе и јавмо да му каже на овој наш изманипулиран народ.

Химната е најсветол симбол со кој една држава се претставува во светот и на која сите ние па и највисоките политички претставници од светот не само од земјата оддаваат почит кога таа се интонира.

Така беше и синока сите со почит стоеја и го слушаа интонирањето на Македонската химна како домашни полиичари и бизнисмени така и целиот дипломатски кор во Република Македонија, но за жал слушнаа погрешен текст кој предизвикува болка и револт кај Македонскиот народ.

Бараме јавно извинување од Американската амбасада за овој настанат скандал затоа што се промовира нова непостоечка химна која нигде не е изгласана во собрание, не е променета во уставот и не е одобрена од македонскиот народ во Македонија и дијаспората

Поглеледнето го видеото и внимателно слушнете ја интонацијата на химната.

Гоце, Даме, Питу, Сандански нема да ни простат. Тие ги дадоа животите за слободна Македонија, а ние дозволивме една Тамара подржувач на ЛГБТ заедницата да ни ја обезличи химната и Македонската историја.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top