(ВИДЕО) Убиство во македонскиот ресторан „Корзо“ во Мелбурн

30-годишен човек убиен во македонскиот ресторан „Корзо“.

Едно лице беше убиено во северно-западните предградија на Мелбурн во македонскиот ресторан „Корзо“ во Caroline Springs за време на приватна забава.

Инцидентот се случил околу 2.15 по полноќ и веднаш била повикана полицијата

Според изјавите на полицијата група непознати лица пристигнале непоканети и се обиделе да влезат на забавата која била приватна односно само за поканети гости.

Откако сопствениците на локалот се обиделе да ги спречат да влезат тие насилно влегле при што настанала тепачка, а едно лице на возраст од 30 години било продобедо со нож и за жал им подлегнало на повредите и починало.

Напаѓачите се во бегство, а полициските екипи работат на расчистување на случајот.

Повеќе информации се очекуваат по прегледувањето на снимките од CCTV камерите пренесе Австралиската телевизија 9 News.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top