(ВИДЕО) Ураганот „Харви“ направи пустош во Хјустон

Градот Хјустон и неговата околина се погодени од катастрофални поплави.

Градот Хјустон и неговата околина се погодени од катастрофални поплави, како последица од ударот на урагант Харви што од Мексиканскиот Залив навлезе на копно, погодувајќи низа градови во американската сојузна држава Тексас, јавува центалната метеоролошка агенција на САД.

Локалните медиуми јавија дека досега пет лица ги загубиле животите во поплавите, но дека други илјада биле спасени, но засега нема потврда од властите за билансот на загинати и повредени од ураганот.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека сега, по Харви поплавите се најглемата закана за луѓето, при што Хјустон се посочува како најтешко погоден град.

Досега поројните дождови, проследени со силен ветер, наврнаа во висина од половина метар, онеспособувајќи го центарот на овој милионски град, како и градското метро.

Метеоролозите предупредуваат дека врнежите ке продолжат „до средината на следната недела“ до висина од еден метар.

Поплава се заканува и во повеке градови од југот и средишниот дел на оваа американска сојузна држава.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top