(ВИДЕО) Војниците со лоши услови во АРМ

Војниците на Армијата на РМ продолжуваат да се соочуваат со старите проблеми. Тие се жалат на лошите услови кои ги имаат..

Токму поради ова, Независниот синдикат на професионалните војници се сретна со министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која нив им вети решение на проблемите.

Но според неа, за подобрување на условите, потребни се средства, за што ќе се дискутира во буџетот за 2018 година.  Според неа, неопходно е Македонија да ги зголеми инвестициите во одбрана, ако сака да стане членка на НАТО.

Независниот синдикат на професионалните војници, нивните проблеми ги изложи и пред премиерот Зоран Заев. Тој им вети дека постои добра волја за наоѓање на соодветно решение.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top