ВМРО-ДПМНЕ : Мицкоски дециден, потребно е прогласување на кризна состојба, а ако затреба и вонредна

Преку соопштение , ВМРО – ДПМНЕ објави факти на денот..

Факти кои го одбележаа денот:

1. Власта е несериозна. Аеродромот во Скопје не е затворен затоа што заборавиле да ја однесат одлуката во службен весник.

2. Мицкоски дециден. Потребно е прогласување на кризна состојба, а ако затреба и вонредна.

3. Контролата во државата е слаба. Никој не знае со колку луѓе се сретнале лицата кои се регистрираат како заболени.

4. Инспекторите на АХВ и Фито инспекторите на границите без заштитна опрема и средства за дезинфекција вршат проверка на храна.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top