ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да преземе мерки против ковид, а не да прави ПР

ВМРО-ДПМНЕ смета дека корона-кризата премина во фијаско, а државава споредено со соседните земји најлошо се справува со ситуацијата..

Тие сметаат дека наместо министерот за здравство Венко Филипче да апелира до граѓаните, тие апелираат до него за сериозно да ја сфати улогата и да преземе мерки.

„Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи. Наместо ПР, Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците. Темата корона Филипче, исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција, иако резултатите се поразителни. Филипче е во право кога вели дека вирусот не познава возрасни граници, но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top