ВО АВСТРАЛИЈА РЕКОРДНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес во Сиднеј температурата достигна 47,3 Целзиусови степени и со тоа овој ден е најтопол од 1939 година наваму..

Како што соопштува Би-би-си, во областа околу Сиднеј е дадено предупредување за опасност од пожари, а во градот целосно е забрането палење на оган. Температурниот рекорд претходно е регистриран во 1939 година, кога биле измерени 47,8 Целзиусови степени. Неколку пожари веќе се забележани вчера, а многу имоти се уништени во државите Викторија и Јужна Австралија. 

Големата жештина посебно ги погодува спортистите – учесници на тенискиот турнир, кои мора да ги напуштат терените, а слична е и ситуацијата на крикет-турнирот во Сиднеј. 

Повеќе од 200 температурни рекорди се регистрирани во Австралија во текот на летото од декември 2016 до февруари 2017 година, со топлотни бранови, шумски пожари и поплави. 

Температурите се толку високи, што одредени поединци на „Твитер“ објавиле фотографии на кои се гледа дека катранот на асфалтот се топи, па на автопатите се создава голем метеж. 

Експертите предупредуваат дека температурите на земјата и на морињата се нарушени поради климатски промени и временските услови ќе бидат уште поекстремни.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top