Во Грција ќе има промена на власта - Мицотакис пред апслолутен триумф

В недела предвремени избори кај јужниот сосед..

В недела во Грција се одржуваат предвремени парламентарни избори, на кои, според сите очекувања, анкети и анализи, ќе има промена на власта. Сосема е јасно дека за два дена нема прашање што може нацијата да ја промени толку многу за мнозинствотото гласачи да се свртат кон сегашниот премиер Алексис Ципрас.

Тоа значи дека победник на паламентарните избори ќе биде конзервативната Нова демократија на чело со лидерот Киријакос Мицотакис. Што ќе рече – уште еден од кланот Мицотакис ќе ја води Хеленската Република. Равенката на овие цифри е дека Мицотакис ја добил битката за средната класа, таа која го одредува победникот, средната класа која најмногу настрада од мерките за штедење на владата на Ципрас.

Според последните анкети кои се објавија вчера и денес, НД има предност изразена и над 10 проценти, иако е реално да се очекува со победа од околу 9 проценти. Овие проценти изразени во седишта гарантираат дека Мицотакис може да се надева на апсолутно мнозинство во парламентот, односно комотно владеење во период од 4 години, без да се грижи за парламентарното мнозинство.

Според „Ефимерида“ постојат три сценарија за поделба на пратеничките седишта. Првото е сценарио со влез на 7 партии, и во тој случај Нова демократија може да се надева на 165 седишта, СИРИЗА на само 73 (повеќе од двојно отколку што има сега), КИНАЛ-22 и тнт.

Во сценариото со 6 партии, НД би освоила 169 седишта, СИРИЗА 76, а КИНАЛ 22, додека Комунистите 15.

Ова како и сценариото со пет партии се најизгледни – а доколку само 5 партии го поминат изборниот праг во тој случај Нова демократија ќе освои 173 седишта, додека СИРИЗА 78.

Новиот политички спектар во Грција во најголема мера го дефинираа економската програма за штедење (9 од 10 припадници на средната класа на некој начин страдаа од мерките, односно осиромашија), како и Преспанскиот договор. Сликовито ова може да се опише дека на овие два бојни полиња можат да се избројат многу мртви и ранети. Меѓу ранетите секако е и Ципрас, кој на главата го има и товарот новопечен популист, а тоа не проаѓа, како и предавството на Македонија, заради што може да се надева на катастрофални резултати во Северна Грција. Меѓу мртвите се еден Каменос, или Теодоракис од Потами, а ранет е и Коѕијас.

Во тој процес на ферментирање се појавува КИНАЛ, движењето за промени, практично еден реинкарниран ПАСОК (социјалистичкото движење, кое отиде курбан за економската криза заедно со Јорго Папандреу). Лидерката Фофи Генимата може да се надева на солиден резултат, пред се на добар улов на разочараните од СИРИЗА.

ККЕ, грчките комунисти се стабилна политичка сила и тие и овој пат че го поминат изборниот праг и најверојатно ќе осовојат меѓу 7 и 8 процнти од гласовите. Неофашистите од Златна зора губат во подршката, но се уште имаат доволно гласачи за да им обезбедат влез во парламентот. Се чини дека и судскиот процес кој во моментов се одвива против членови на Златна зора не влијае многу на нивната популарност.

Уште две партии тропаат на вратите на грчкиот парламент – Решение за Грција, на Киријакос Велопулос, кој успеа на европските избори да го помине изборниот праг од 3 проценти. Станува збор за партија која не го двои политичкото од религиозното, конзерватвци кои бараат враќање на смртната казна и строго контролирани граници.

Уште еден познат лик влегува во политиката – Јанис Варуфакис, поранешниот министер за финансии во владата на Ципрас. Тој со неговата партија Демократија во Европа Движење 2025 (МеРА25) не успеа да го помине прагот на европските избори, иако беше многу блиску да освои еден мандат. На овие избори се надева на повеќе. А, имав и дополнителен мотив на некој начин да му се одмазди на бившиот шеф. Во политиката и тоа е дозволено.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top