Во САД секојдневно некој застрелува по повеќе од четири лица

Правото за поседување оружје, кое е загарантирано со устав, доведе до највисока стапка на убиства од огнено оружје меѓу развиените земји..

Правото за поседување оружје, кое е загарантирано со устав, доведе до највисока стапка на убиства од огнено оружје меѓу развиените земји.

Крвавиот настан во Лас Вегас со 59 загинати и над 500 повредени лица повторно во САД го актуализираше прашањето за контрола на личното оружје, а реакциите повторно се според вообичаените партиски линии.

Додека републиканците, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп, испраќаат изрази на најдлабоко сочувство, демократите порачуваат дека „молитвите и мислите“ не се доволни и оти е време за преземање акција.

Но, ако се земе предвид дека претходниот претседател Барак Обама ниту по страшната таргедија во училиштето „Сенди Хук“ во 2012 година не успеа да ја обнови забраната за поседување полуавтоматско оружје, мали се шансите дека тоа ќе се случи сега кога сите конци на власта се во рацете на партијата која силно го заштитува правото на граѓаните за лично вооружување.

Трамп во својата предизборна кампања минатата година им порача на гласачите да се подготват да ги предадат своите пиштоли доколку победи „лошата“ Хилари Клинтон и вети дека ќе ги штити правата на околу 100 милиони граѓани кои поседуваат огнено оружје.

Статистиката покажува дека бројот на населението во светот изнесува 7,13 милијарди жители, од кои американската популација зазема 4,43 отсто.

Во светот 644 парчиња оружје се во сопственост на цивили, а во САД се наоѓаат 42 процента од вкупниот број на тој арсенал. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top