Водечкиот епидемиолог на САД, Фаучи добива закани по живот

Фаучи вели дека заканите му се упатувани поради неговата работа и актуелната состојба со коронавирусот..

Ентони Фаучи, кој е водечки американски епидемиолог соопшти дека добива закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. 

Поради заканите, Фаучи најави дека ќе ангажира обезбедување и жали што неговото семејство поминува низ вакви моменти.

Тој е и член на оперативната група за коронавирусот на Белата куќа и постојано е во центарот на интересот на јавноста откако започна пандемијата предизвикана од ковид-19.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top