Вработените и сметките на СЈО заглавени меѓу ДУИ и СДСМ

И СДСМ и ДУИ се за решение на долговите на СЈО и кон вработените и за струја вода кирија парно, но никој не открива кога ќе се реши..

Месец и половина стои во фиока дополнувањето на Законот за јавнообвинителска служба со кој потпис на исплатите би ставил обвинителот Љубомир Јовевски а не Катица Јанева која е разрешена и во притвор.

Вчера Телма објави дека ДУИ го блокира процесот откако сака измената на законот да се носи во пакет со Законот за јавно обвинитлество. Тој пак е блокиран со неуспешните преговори.

Инаку две плати и сметки на СЈО се неплатени по разрешувањето на Јанева и обвинителите. Законот за СЈО не предвидел ваква ситуација во која ќе нема кој да стави потпис во институцијата која се уште опстојува. 

Најголем проблем е сигурноста на прислушкуваните разговори особено ако ЕВН ја исклучи струјата и бара да се иселат од нејзината зграда, која сега е ја користат со кирија. Од ЕВН велат дека и покрај тоа што си ги штитат интересите ќе имаат разбирање за сензитивноста на ситуацијата. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top