Вучиќ и Тачи на средба во Брисел

Српскиот претседател на средба со Хашим Тачи.

Претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, денес ќе се сретнат во Брисел, со посредство на високиот преставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

„Тие ќе разменат мислења за престојната фаза на дијалогот за нормализација на односите, кои ќе бидат продолжување на договорот постигнат изминатиот месец. Со ова треба да започне новата фаза на преговорите“, изјавила портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top