Вучиќ најавува голем собир во Белград за „иднината на Србија“

Во Белград вечерва ќе се одржи голем собир во рамки на кампањата на српскиот претседател ,,Иднината на Србија”, на кој се очекува да присуствуваат десетици илјади луѓе од целата земја.

На собирот, како што соопшти кабинетот на Вучиќ, ќе зборува и претседателот на Владата, Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијартоo, кој претходно ја поддржа владејачката партија и на изборната кампања.

Ваквиот собир доаѓа по минатонеделните случувања кога на протестот ,,Сите за еден – еден од 5 милиони”пред Собранието на Србија се собраа илјадници луѓе кои се спротивставија на владата на Вучиќ и побараа слободата на медиумите, како и создавање услови за фер избори и професионално известување во јавните ТВ-програми – Српска радио и телевизија и Радио Телевизија Војводина. Официјалните проценки се дека на тој собир имало само 7.200 до 7.500 луѓе, додека организаторите и лидерите на опозициската Алијанса за Србија тврдат дека собрале 35.000 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top