За 112 милиони евра, Љубљана доби модерен регионален центар за управување со отпад

Се работи за најголем центар од овој вид во Словенија, кој може да се пофали со примена на најмодерни технологии за складирање на отпадот, со минимално влијание врз животната средина..

Уште во 2012 година, потпишан е договор за неговата изградба, а градежната дозвола е обезбедена во мај 2014.

Ljubljana regionalen centar za otpad1

Изведувач на работите бил австрискиот конзорциум Strabag, при што на крајот на 2015 година центарот веќе почнува со работа. Модерните технолошки решенија вклучуваат производство на биогас со кој се задоволуваат енергетските потреби, компостирање и други опции соодветни за циркуларната економија.

Ljubljana regionalen centar za otpad2

Собраниот отпад од цела Словенија, од неодамна завршува во оваа современа фабрика каде се ситни и просејува, се одвојуваат тешките фракции од органскиот отпад, кој се третира како квалитетно гориво за цементната индустрија или за одгледување на растенија.

Ljubljana regionalen centar za otpad3

Тешките фракции завршуваат во биолошките реактори каде во рок од две седмици се добива биогас. Биогасот е погонско гориво за три нови сетови мотор-генератор, преку кои се генерира електрична и топлинска енергија. Стручњаците истакнуваат дека се работи за еден од најмодерните европски центри за постапување со отпадот.

Ljubljana regionalen centar za otpad4


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top