За Косово одлуката на Македонија за задолжителен PCR тест е неправедна

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај во интервју за Т7 истакна дека денешната одлука на Владата, за задолжителен ПЦР тест при влез во Македонија за граѓаните од Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, е неправедна..

„Можеби ова е нов момент. За оваа ситуација не сум информиран, да ви кажам право, сметам дека е неправедна, зошто во периодот кога имаше голем број на случаи во Македонија, со разбирање и соработка помеѓу двата институти, но и во соработка со тамошниот министер, имавме добра соработка за слободно движење на граѓаните, бидејќи ова е економска придобивка“, посочи Земај.

Тој вели дека за одлуката ќе разговараат и анализираат во текот на утрешниот ден.

„Можеби ќе биде иста мерка и од Косово за другите држави, но ние имаме внатрешен притисок од нашите граѓани, особено за Албанија“, додава Земај.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top