За Мурињо само еден играч е недопирлив: Португалецот го посочи најдобриот кој некогаш го видел

Во текот на тренерската кариера Жозе Мурињо промени доста клубови, тренираше врвни играчи, но за него само еден е недопирлив..

Додека од ден на ден се повеќе се шпекулира за иднината на Жозе Мурињо, медиумите во меѓувреме го ставија португалскиот тренер во една мошне тешка и неблагодарна ситуацијa.

Имено, Мурињо мораше да го избере најдобриот фудбалер кој некогаш го видел. Само еден.

„Меси, Кристијано Роналдо, Роналдо „Ил Феномено“… Сите тие се врвни играчи, кои беа на врвот секој ден во период од 15 години, но ако морам некого да издвојам според талентот и вештините, тогаш тоа би бил „вистинскиот“ Роналдо“, отворено истакна Мурињо, па потоа додаде:

„Дека е најдобар играч сфатив кога бевме во Барселона под водство на Боби Робсон. Повредите малку го забавија, неговата кариера можеше да биде уште поимпресивна, но неговиот талент беше неверојатен“, изјави Мурињо.

Во времето кога Роналдо беше во Барселона, во каталонскиот клуб Мурињо работеше како асистент на Боби Робсон.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top