ЗАБРЗАН ПРОЦЕС: За колку време планира Заев да ги протурка уставните амандмани

Нацртите на уставните амандмани ќе бидат работени со поддршка на опозицијата, а работата на нив ќе биде завршена за помалку од 15 дена..

Ова го изјави премиерот Заев, кој како што вели, им ветил на министрите дека Владата пред Собранието ќе ги изнесе предлог амандманте согласно договорот од Преспа, а потоа владата и опозицијата ќе издадат свој заеднички нацрт на амандмани.

„Верувам дека ова можеме да го завршиме за помалку од 15 дена, како би ја скратиле процедурата колку што е можно .... Како што ќе напредува процедурата, ќе видите дека нема ништо болно или скриено во амандманите и дека тие ќе не обединат и ќе и обезбедат иднина на државата“, рече Заев.

Запрашан дали се прифатливи барањата на пратениците на опозицијата кои гласаа за иницијативата да се покрене промена на уставот, Заев рекол дека внимателно ги прочитал четирите барања кои ги изнесе.

„Еден е да се потврди македонскиот идентитет, другиот  е спроведување, кое веќе е пропишано во договорот“, рече Заев.

Тој додаде дека останатите мерки се однесуваат на заштитни мерки во случај Грција да не го ратификува договорот, или да постави препреки на интеграционите процеси на Македонија, што значи дека во тој  случај промените на уставот ќе бидат прогласени за неважечки.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top