Заев: 250 милиони евра биле дадени на странските инвеститори во последниве години

Премиерот рече дека 12 милиони евра биле дадени за реклами за привлекување на странски инвестиции на домашни медиуми..

Премиерот Зоран Заев најави дека Владата утре ќе ги објави договорите за субвенционирање што минатата власт ги случуваше со странските инвеститори и досега не беа достапни за јавноста.

-И тоа како има многу што да се слуша. Странските инвестиции ни требаат, но да ги направиме најкорисни за нашата економија. Ќе ги стимулираме да користат македонски суровини. Во последниве неколку години се потрешени 250 милиони евра, дел од нив неоправдано, рече Заев во гостувањето на емисијата Отворено на Телевизија 24.

Премиерот рече дека 12 милиони евра биле дадени за реклами за привлекување на странски инвестиции на домашни медиуми.

Фокус


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top