Заев и Ахмети: Коалицијата функционира одлично

И покрај неодамнешните судири меѓу одредените личности на СДСМ и ДУИ, лидерите на двете партии од владејачката коалиција негираат дека меѓу нив има криза..

Премиерот Зоран Заев ја коментира последната изјава на подпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, кој ја опиша ДУИ како неопходно зло што требаше да го прифатат по изборите во 2016 година и дека никогаш не сакал соработка со партијата на Ахмети. Заев вели дека евентуалните идни коалиции по изборите на 12 април ќе ги одредат гласовите на граѓаните.

За лидерот на ДУИ Али Ахмети, Зеќири не е легитимен претставник на СДСМ.

„Мислам дека Мухамед Зеќири не е легитимен претставник на политиките на СДСМ. Коалицијата функционира, добри и стабилни односи се меѓу лидерот на партијата на СДСМ и лидерот на ДУИ и партиските органи”-изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Ахмети повтори дека не е за предизборна коалиција со СДСМи му дава предност на изборниот резултат. Зеќири повторно реагираше на социјалните мрежи.

„Мухамед Зеќири е легитимен претставник на неговите избирачи кои се далеку повеќе од гласовите на Али Ахмети и ДУИ!!! Јас сум легитимен претставник и потпретседател на СДСМ, г. Али Ахмети!!!”

Додека од СДСМ најавуваат дека продолжуваат контактите со сите партии за евентуална предизборна соработка, ДУИ вели дека е рано за конкретни состаноци. ВМРО ДПМНЕ останува отворена за предизборни коалиции за изборите на 12 април, што не ги исклучува ниту партиите на Албанците.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top