Заев: решение на спорот за името до јули

„Верувам дека е можно да се најде решение за спорот со името до крајот на првата половина на 2018 година“ изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „Алфа“..

Тој смета дека решението треба да биде прифатливо и за двете земји, со коментар дека такво решение постои, но избегна да открие детали, за, како што рече, „да не го урниса преговарачкиот процес“. Заев коментира дека со грчкиот прмиер Ципрас делат исти лидерски вредности. 

Македонскиот премиер изјави дека би сакал да се сретне и со лидерот на Независни Грци Панос Каменос и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, но откако прво ќе се сретне со грчкиот премиер Ципрас.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top