Заев спремен за средба со Мицкоски за Законот за обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека е подготвен да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да се најде решение за Законот за јавно обвинителство..

Заев инсистира текстот на законот да се прилагоди на преговори меѓу власта и опозицијата и да се донесе додека Собранието функционира. 

Во пресрет на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, Заев вели дека е во разговори и со независните пратеници кои беа исклучени од партијата на Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ сè уште го нема разгледано текстот предложен од министерката за правда, Рената Дескоска. Од овој субјект, тактизираат со останатото време до распуштање на Собранието и се песимисти дека може да се постигне компромис.

Власта ја повикува опозицијата законот за јавно обвинителство да се усвои пред предвремените парламентарни избори. Опозицијата во принцип е за консензус, но првично сака поранешните специјални обвинители да не бидат дел од Обвинителството за организиран криминал и корупција што ќе го води Вилма Рускоска.

Потребата за усвојување на законот, при неговата посета на Скопје, ја истакна и комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји. Во меѓувреме, спикерот, Талат Џафери изјави дека Собранието може да го донесе законот веднаш, доколку власта и опозицијата ги надминат разликите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top